Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КУПУВАЈТЕ ЗЛАТО И НАФТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД РИЗИК“: Голдман Сакс со вакви совети
Економија

„КУПУВАЈТЕ ЗЛАТО И НАФТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД РИЗИК“: Голдман Сакс со вакви совети

30/05/2025

AA

Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ денес ги
повика инвеститорите да вклучат злато и нафта во своите долгорочни портфолија
за да ги ублажат ризиците за нивниот капитал.

Во време кога традиционалната стратегија за распределба на
средства 60/40 (акции/обврзници) трпи сериозни удари, аналитичарите на банката
веруваат дека златото и нафтата се во состојба да им обезбедат на инвеститорите
позитивни реални приноси, објавува „Блумберг“.

Голдман Сакс особено ја нагласува улогата на златото како
„безбедно засолниште“ во сценарија кога пазарот почнува да се сомнева во
кредибилитетот на американските институции, вклучувајќи ја и американската
централна банка, ФЕД.

Ваквите околности, во комбинација со загриженоста за растот
на јавниот долг на Соединетите Американски Држави, би можеле да предизвикаат
нагло зголемување на побарувачката и цените на златото, се додава во
извештајот.

Според основната прогноза на „Голдман Сакс“, цената на
златото би можела да достигне 3.700 долари за унца до крајот на 2025 година,
додека очекуваната вредност за средината на 2026 година е поставена на 4.000
долари.

Аналитичарите, сепак, предупредуваат дека евентуалното
„бегство“ на приватни инвеститори од американските обврзници би можело да
предизвика значително поголем скок на златото отколку што е наведено во
основното сценарио.

„Голдман“ вели дека инвеститорите кои се насочени кон
просечен годишен принос од 8,7 проценти можат да го намалат вкупниот ризик од
портфолиото од 10 проценти на помалку од седум проценти со инвестирање во злато
и нафта, додава агенцијата Њујорк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy