
„ТОЈ ДОАЃА“: Нова кампања на ДУИ – Ковачевски: Сме имале и премиер Влав, па бил успешен
„Тој доаѓа“ е слоганот на последната кампања што ја покрена ДУИ.
Имено, се работи за потсетување од страна на ДУИ за тоа дека доаѓа првиот премиер Албанец на Северна Македонија.
Прв премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада е договор меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Но, останува неизвесн
Но, дали ќе го почитува овој договор и дали актуелниот премиер Димитар Ковачевски ќе се откаже од функцијата!?
На ова прашање денеска на прес конференција одговори премиерот Ковачевски.
Според него, нема никаков проблем.
„Јас воопшто немам проблем, како што беше и тогаш соопштено, да има технички премиер кој е Албанец или припадник на која било друга етничка заедница што живее во државата бидејќи сметам дека етничка припадност не е професија туку професијата ја стекнуваме со знаење, вештина, работа, искуство. Ние сме имале и премиер Влав кој успешно ја водел државата. Затоа сметам дека секој што е професионален може да ја води владата особено во услови на технички мандат на владата кога единствено треба да се спроведат изборите со оглед дека имаме еден специфичен закон за влада во кој се предвидува 100 дена техничка влада“, вели Ковачевски.
