ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по полноќ од земјотрес од 3,1 степени

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата.
Според информациите на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, потресот се случил во 00:22 часот, а епицентарот бил во подрачјето меѓу Делчево и Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот бил почувствуван од жителите на Пехчево, Берово и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
.