
TЛОТО НЕ МИРУВА: Се стресе градот Османлија во Турција
Во Турција тлото не мирува и пак е регистриран нов потрес.
Станува збор за земјотрес со јачина од 4.6 степени. Тој го зафатил централниот дел од државата. Епицентарот бил на 38 километри источно од градот Османлија.
Пред осум дена имаше силен земјотрес со јачина од 7.8 степени. Бројот на жртви расте. Турција и Сирија имаат над 36.000 загинати. Најсилниот земјотрес во Турција од почетокот на векот предизвика материјална штета, што може да ја чини Анкара близу 84,1 милијарди долари, објави Конфедерацијата на турски претприемачи и бизнисмени (ТУРКОНФЕД).