![Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓа картичка и со неа си извршил трансакции](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/1708610558_kreditni-karticki-jpg.webp)
Тинејџер од Кавадарци фотографирал туѓа картичка и со неа си извршил трансакции
Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана.
Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР.
Два вакви случаи беа расчистени минатата недела, исто на територијата на Кавадарци.