Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тинејџер од Битола завршил со крварење во мозокот по тепачка со врсник, вториот бил избоден со нож
Магазин

Тинејџер од Битола завршил со крварење во мозокот по тепачка со врсник, вториот бил избоден со нож

28/03/2025

AA

 

Момче од Битола на 18 години е тешко повредено и во бесознание транспортирано на клиниката за Неврохирургија во Скопје по тепачка со врсник. Другото момче завршило во Битолската болница со посекотини и повреди нанесени со нож. Засега е нејасно што била причината поради која тинејџерите влегле во ваква крвава пресметка, со оглед на тоа што сѐ уште се средношколци. 

Од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат кај нив било однесено момче кое по направениот преглед и потребните снимања било констатирано дека има крварење во мозокот и е во сериозна состојба.

„Поради тежината на повредата и крварењето на мозокот, младиот пациент веднаш е препратен на клиника во Скопје“, велат од болницата.

Во битолската болница било згрижено и друго момче кое имало расекотини од нож.

Според СВР Битола сѐ уште се работи на расчистување на случајот. Настанот е пријавен во вторникот вечерта во 20.40 часот во полиција од страна на Клиничката болница Битола, откако кај нив било однесено 18 годишно момче во бесознание. 

„Во болницата со тешки телесни повреди и во бесознание бил донесен А.М.(18) од Битола, кој потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Полициски службеници од СВР Битола преземале мерки и било дојдено до сознание дека тој се здобил со повредите при пресметка со В.И.(18) од Битола, кој, исто така, бил пренесен во Клиничка болница Битола со повреди од остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, стои во извештајот од СВР Битола. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy