Тинејџер доби притвор за лажни дојави за бомби во осум сараевски училишта
На 18-годишник за кој се сомничи дека осум пати лажно пријавил дека се поставени бомби во неколку училишта во кантонот Сараево, Општинскиот суд во Сараево на предлог на Обвинителството на КС му одреди едномесечен притвор.
Како што потврдија од Обвинителството на Кантон Сараево, тој е приведен поради опасност доколку биде пуштен да ги повтори кривичните дела, а се сомничи и за загрозување на безбедноста и за лажна пријава.
Во петокот околу 20 часот, полициски службеници од Полициската управа на МУП на кантонот Сараево и ФУП уапсија 18-годишно лице за кое се сомничи дека лажно пријавил дека биле поставени бомби во повеќето од училиштата во Сараево.
Во текот на изминатите недели, некои училишта во Сараево речиси секој ден добиваа дојави за наводно поставени бомби.
Дополнително, беа испратени повици и до трговските центри и аеродромот во Сараево, што доведе до евакуација и суспензија на летовите и работата.