Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимот на Клиника Жан Митрев со нов меѓународен натпревар во шутбал – walking football
Македонија

Тимот на Клиника Жан Митрев со нов меѓународен натпревар во шутбал – walking football

07/10/2025

AA

Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓуекипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs”и хрватскиот клуб „Mladi Starci” од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ”Сриједе Вриједе”, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика. 

Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да обединува, а средбата заврши во вистински фер-плеј, со нерешен резултат од 2 : 2, а притоа, најголем победник беше самата идеја за шутбалот, новата спортска дисциплина која ја добива својата заслужена видливост и поддршка и во Македонија.

Настанот се одржа во организација на Клиника Жан Митрев, која е основоположник на овој спорт во нашата земја. Преку овој проект, Клиниката потврдува дека медицината и спортот можат да одат рака под рака кога целта е промоција на здравјето, физичката активност и инклузивноста. Со оваа средба, Македонија и Хрватска уште еднаш покажаа дека спортот е најдобар мост за пријателство и соработка, а шутбалот – новиот симбол на здравје и заедништво.

Дополнително, во просториите на Клиника Жан Митрев се одржа широк аудиториум за состојбите и условите во кој се развива овој спорт, а кој во светот добива неверојатна експанзија и се шири многу брзо. Беа разменети мислења, искуства и поставени се темели за посериозно понатамошно развивање на овој спорт , кој во Македониј навистина има голем потенцијал со оглед на тоа дека ова е спорт за лица во поодминати години и луѓе кои што сакаат да „стареат здраво”.

Walking football, познат и како шутбал, претставува револуција во спортот: игра без трчање, со акцент на одење, рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален избор за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани лица и за сите кои сакаат да водат активен и здрав животен стил

Екипата на Клиника Жан Митрев „Wild hogs”е веќе редовен учесник на меѓународни турнири, претставувајќи ја Македонија во овој спорт како основоположник, борец за развој и промотор на нешто што во европски и светски рамки е во апсолутна експанзија создавајќи свои национални лиги и федерации. 

Со поддршка од FIFA и UEFA, овој спорт бележи глобален раст и станува препознаен како здравствено корисна и безбедна алтернатива на традиционалниот фудбал. Преку ваквите меѓународни натпревари, Клиника Жан Митрев ја зајакнува својата мисија, да создаде движење што ќе ја шири културата на спортот и здравиот начин на живот во Македонија и регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy