Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимчо Муцунски во Брисел: Владата продолжува со реформи и евроинтеграции
Македонија

Тимчо Муцунски во Брисел: Владата продолжува со реформи и евроинтеграции

17/12/2025

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион.

Муцунски најави дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги посочи приклучувањето кон СЕПА, партнерството за безбедност и одбрана, иницијативата за укинување на роамингот и други слични проекти, преку кои граѓаните директно ги чувствуваат придобивките од европскиот процес.

Во изјава за националниот сервис, министерот Муцунски истакна дека, според оценките на Европската Унија, Владата по завршувањето на локалните избори покажала сериозна посветеност во спроведувањето на клучните реформи од реформската агенда.

„Во моментов, веќе има повеќе закони во собраниска процедура, примарно насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти поврзани со реформската агенда, чие носење е поздравено од Европската Унија“, истакна Муцунски.

Тој додаде дека позитивни оценки за Владата од страна на ЕУ се добиени и во областа на економијата и образованието, при што највисоката оценка е забележана во делот на надворешната политика, односно усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

„Нашето место е во Брисел, нашето место е како полноправна членка на Европската Унија. Жално е што во изминатите години се соочуваме со билатерални блокади“, нагласи Муцунски, најавувајќи дека ова прашање ќе биде дел од дискусиите.

Тој потенцираше дека Владата ќе продолжи фокусирано да работи на техничкото усогласување и исполнувањето на потребните критериуми, но истовремено ја нагласи важноста, заедно со земјите-членки на ЕУ, да се изнајде начин за надминување на билатералните пречки кои очигледно постојат.

„Жалам што во последните недели не гледаме доволно добра волја за возврат, и покрај реформските процеси што ги спроведуваме и кои се препознаени и во Брисел и од страна на земјите-членки. Ние ќе продолжиме по нашиот пат – со фокус на домашните реформи, а во однос на билатералните прашања ќе бараме рационално решение кое нема да ги загрози националните интереси“, изјави Муцунски.

Говорејќи за реформите, тој нагласи дека нивните ефекти најдиректно ги чувствуваат граѓаните, посочувајќи дека државата е меѓу првите во регионот во имплементацијата на дел од европските политики.

„Доколку постои добра волја и доверба, не постои прашање за кое не може да се најде решение. Во последно време чувствуваме недостиг од добра волја од страна на Софија. Земјите-членки го следат наративот што доаѓа оттаму и очекуваме нивна поддршка во процесот на изнаоѓање решение“, заклучи Муцунски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy