
Тиквеш вторпат поразен на турнирот во Струга
Натпреварот беше исклучително неизвесен и квалитетен, по првото полувреме беше 15-15, а израмнето беше до 42. минута од мечот. Потоа Тиквеш направи +3 (23-20), но Гуиф одговори со серија од 5-2 за 25-25, а во финишот Швеѓаните беа поконцентрирани, но го имаа и расположениот голман Вестерлунд кој блескаше во финишот и имаше неколку важни одбрани.
Естерхол и Густафсон со по седум гола беа најефикасни кај Гуиф, додека Анастасовски го предводеше Тиквеш со шест.
Последниот меч од групата А се игра утре, се среќаваат Вардар и Гуиф, а победникот ќе го освои првото место.

