Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа
Економија

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

17/05/2024

AA

Модерните агротехнички
и вински практики и иновативни модели во лозарството, како и мерки за
намалување на влијанието на климатските промени, беа во фокусот на стручното
предавање што го организираше Винарската визба „Тиквеш“ во М6 Едукативниот
центар.

Ова стручно предавање е
дел од Винската летна школа која се одржува во рамки на Регионалнатамеѓувладина
иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Groupin South Eastern Europe-
SWG), а се организира со поддршка на ИАК Консалтинг и Универзитетот Газенхајм
од Германија. На Винската летна школа учествуваат студенти по лозарство,
претприемачи во винската индустрија, владини експерти и професионалци од областа
на производството и маркетингот на вино и винскиот туризам од земјава, но и од
Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Република Српска и
Косово.

За најновите современи
практики во управувањето со лозовите насади, вклучувајќи ги и агро-техничките
мерки за справување со климатските промени и најсовремените методи за заштита и
контрола зборуваше Александра Ристова, раководител на одделот за управување со
лозови насади во ВВ „Тиквеш“, споделувајќи ги искуствата на винарницата за
воведување на најновите техники за прецизно лозарство и користење на модерни
дигитални алатки базирани на вештачка интелигенција, кои значајно влијаат на
подигнување на квалитетот на целокупниот процес на создавање врвновино. Таа
посочи дека примената на напредни дигитални решенија е резултат на
дологодишната визија за најсовремено менаџирање на лозовите насади која се
имплементира со поддршка на водечкиот промотор на иновации во лозарството
Џовани Бигот.

Енологот Никола
Кузмановски на предавањето ги претстави напредните технологии за производство
на вино, сегмент во кој ВВ „Тиквеш“ реализираше сериозни инвестиции во нова
технологија, а зборуваше и за првото органско вино кое компанијата го произведе
на лозовите насади во Лепово.

Во рамките на
стручното предавањесе обрати и Светозар Јаневски, претседател на Управниот
одбор на ВВ „Тиквеш“ кој испрати порака до младите учесници дека доколку
сакаатда успеат треба да се стремат кон извонредност и да работат со страст. Тој
истакна дека е важно да поседуваме визија и постојанода се стремиме да
воведуваме промени и да имплементираме нови иновативни решенија, посочувајќи
дека „Тиквеш“ ќе продолжи да го споделува своето искуство и знаење за да
помогне во зајакнување на перформансите на регионалната винска индустрија.

На стручното предавање,
учесниците имаа можност да се информираат и за процесот на воведување ЕСГ стандарди
во ВВ „Тиквеш“, како и за чекорите што ги презема винарницата за целосна трансформација
во зелена винарница, прва во регионот.

Покрај стручното
предавање, присутните беа во посета и на лозовите насади во Лепово, а ја
посетија и ВВ „Тиквеш“ во Кавадарци. Во рамките на Винската летна школа,
учесниците ќе се здобијат сознаења од областа на лозарството и винарството,базирани
на најновите сознанија, техники и иновации. Предавањата се организирани во два модули:
Меѓународен вински маркетинг и промоција на винскиот туризам и Климатски
промени во лозарството и енологијата.

Винската летна школа
се одржува од 14 до 18 мај 2024 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy