
ТФТ подобар од Цедевита за прва радост во АБА2-лигата
Двете екипи водеа голема борба од самиот почеток на натпреварот, додека на полувремето резултатот беше 39-39.
ТФТ го реши натпреварот во самата завршница, кога Хотон и Ташовски стрелаа за водство од 67-62, по што Цедевита не можеше да се врати во мечот.
Најдобар кај победникот беше Симонс со 19 поени, додека Карачиќ и Коси постигнаа по 16 поени за Цедевита.

