Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТФТ по голема борба преку Работнички до полуфинална реприза на ланското куп-финале (ФОТО)
Спорт

ТФТ по голема борба преку Работнички до полуфинална реприза на ланското куп-финале (ФОТО)

16/02/2023

AA

Кошаркарите на ТФТ остануваат во игра за одбрана на трофејот во Купот на Македонија, откако во последниот вечерашен четврт-финален дуел по голема борба го совладаа тимот на Работнички (78-73).

Составот скопско Тафталиџе со ова се избори за полуфиннална пресметка против МЗТ Скопје, што воедно ќе биде реприза на ланското финале во кое сензационално дојде до победничкиот пехар. Клучна за триумфот на бранителот на тронот беше серијата 16-4 остварена на стартот од последната четвртина со која негативата од четири поени беше претворена во конмфорно водство (68-60), кое се покажа доволно за посакуваниот триумф.

Ова беше потврда на добрата игра од првата четвртина, во која ТФТ имаше и плус 13 (19-6), а за која најзаслужен беше младиот Виктор Ташовски со 11 поени само во четвртиот период од играта. Центарци имаа добри моменти, особено во финишот од вториот и третиот дел од мечот, но снемаа сили во клучниот дел од натпреварот, што на крајот скапо ги чинеше.

Фантастичниот Ташовски средбата ја заврши со 16 поени, додека најефикасен во победничкиот тим беше Џермејн Бишоп со 21 поен, додека зад него беше Александар Костоски со 18 поени. Камерон Форте и Никола Малешевиќ со по 27 поени беа најпрецизни кај Работнички.

Ова значи дека во утрешните полуфинални пресметки во СРЦ „Кале“ прво силите ќе ги одмерат ТФТ и МЗТ Скопје (17 часот), а потоа Пелистер и Феникс (19.30 часот). Финалето е в сабота од 19.30 часот во кое ќе се најдат победниците од овие два меча.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
Македонија

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани

11/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

11/06/2026
Македонија

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

11/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле

11/06/2026
Македонија

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

11/06/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за обезбедувањето „Рубикон“

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43713
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е повредено

11/06/2026

Пожарот кој од вчера е активен во источна Македонија, попладнево се засилил. Според пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, состојбата е загрижувачка и

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да се вози мотоцикл до 125

11/06/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги финализираше сите неопходни формално-правни и технички предуслови за имплементација на новите законски измени. Од

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани исплати и буџетски загуби

11/06/2026

Неадекватни контроли и недоволна размена на податоци меѓу институциите довеле до исплата на социјална помош на лица кои не ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy