Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТФТ овој пат немоќен: МЗТ со дебела камата се одмазди за ланскиот финален шок (ФОТО)
Спорт

ТФТ овој пат немоќен: МЗТ со дебела камата се одмазди за ланскиот финален шок (ФОТО)

17/02/2023

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје на ептен доминантен начин се пласираа во финалето од Купот на Македонија, откако во вечерашното прво полуфинале лесно и убедливо го совладаа ТФТ (…), како своевидна одмазда за сензационалниот пораз во ланското финале.

Аеродромци по 16-ти пат ќе играат за победничкиот трофеј, со надеж дека во утрешниот последен меч од завршниот турнир во СРЦ „Кале“ ќе го прослават 11. триумф во ова натпреварување, со што ќе се одлепат на врвот од вечната листа победници, со еден пехар повеќе во однос на вечниот ривал Работнички.

Неизвесноста во овој меч траеше само во првите неколку минути, кога на семафорот стоеше 9-8 во корист на актуелниот победник. Потоа следуваа осум поени во низа на сино-белата чета, за до крајот на првиот период да дојде и до првото двоцифрено водство (28-18), како показател како ќе се одвиваат работите на паркетот. Со секоја следна четвртина се зголемуваше водството на „металците“, за во третиот период да дојде и до огромни плус 36, кои, сепак, беа надминати во последниот дел од средбата, кога позитивата на актуелниот шампион ја достигна и границата од плус 40 поени.

Избраниците на тренерот Драган Николиќ беа снајперски расположени, за што говорат и дури 18 постигнати тројки и тоа со со фантастичен процент (60-отсто). Ако на ова се додадат и драстично поголемиот број асистенции (28-9) и помалку загубени топки (6-20) тогаш е јасно зошто средбата заврши со толку голема разлика.

Дамјан Стојановски беше прво име кај МЗТ Скопје со 18 поени до кои дојде со пет тројки со само две промашувања, додека зад него беше резервистот Дамјан Робев со 16 поени 94/6 за три поени). Расположен за шут од далечина беше и Војдан Стојановски со четири тројки со едно промашување за вкупно 13 поени, додека за одбележување е настапот и на Дастин Вер со седум поени и дури 12 асистенции. Џермејн Бишоп со 15 поени беше најпрецизен кај ТФТ.

Противник на составот од Аеродром во утрешното финале од 19.30 часот ќе биде победникот од второто вечерашно полуфинале помеѓу Феник и Пелистер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy