
ТФТ без најважните кошаркари немоќен против Широки бријег
ТФТ настапи без Симонс, Двејн Морган и искусниот Горјан Марковски, па беше јасно дека македонската екипа не може да му парира на еден од фаворитите за висок пласман.
Босанскиот клуб уште по првите 10 минути ја најави победата откако стигна до 32-17, а до полувреме водството се зголеми до убедливи +27 (65-38), по што во второто полувреме рутински го реши мечот во своја корист.
Најефикасен кај Широки беше Натал со 35 поени, додека Хотон кај ТФТ запиша 15 поени.