
ТФТ ја прегази Академија ФМП за деветта победа во лигата
ТФТ ја најави својата победа уште во првото полувреме кое го доби со убедливи 20 поени разлика (46-26).
Академија ФМП во третата четвртина успеа да ја намали негативата, меѓутоа нивниот ривал во последните 10 минути додаде гас и славеше со 90-62.
Зафиров беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, два скока и една асистенција, додека Нилд постигна 20 поени, еден скок и две асистенции за Академија ФМП.