
„ТЕЖОК РАЗГОВОР СО ГОЛЕМАТА ПЕТОРКА“: Вучиќ со Лајчак, Ескобар, Бон, Плетнер и Тала
Српскиот
пртеседател, Александар Вучиќ кој денеска се сретна со највисоки функционери од
ЕУ, САД, Италија, Германија и Италија за излез од кризата со Косово, ја оцени денешната
средба со „големата петорка“, како „тешка“.
-Тешка средба со петорката. Верувам дека во наредниот период
ќе најдеме излез од кризата. Очекувам важни средби во Брисел во наредните
денови, истакна Вучиќ на својот Инстаграм
профил.
На состанокот во Белград учествуваа специјалниот претставник
на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, заменикот помошник
државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан Габриел
Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателот на
Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот
советник на премиерката на
Италија Франческо Тала.
ФОТО: Instagram
