Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина
Економија

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

10/12/2024

AA

Собранието попладнево со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП.

„Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра во состојба во која ги саниравме разорувачките последици од пандемиската криза, на којашто се надоврза и економската криза, војната во Украина, енергетската неизвесност, ценовни шокови, неминовна инфлација, којашто не беше параметар само за Република Северна Македонија, туку финансиска состојба и во сите други држави, но овдека беше претставено како само ние да сме опфатени со тоа“, изјави пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во своето обраќање на пленарната собраниска седница посветена на буџетот за 2025 година.

Лукаревска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во 2022 година буџетот од 4,4 милијарди евра го оспоруваше како нереално проектиран буџетот, во време на корона вирус, буџетот во 2023 година од 5,3 милијарди евра, како инфлаторен и неразвоен, во време на енергетска криза, а за 2024 година, од 5,5 милијарди евра, година кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy