Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ДОБИЈАТ АКЦИОНЕРИТЕ – одлуката ќе се потврди на акционерско Собрание во април
Економија

ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ДОБИЈАТ АКЦИОНЕРИТЕ – одлуката ќе се потврди на акционерско Собрание во април

21/03/2025

AA

Април ќе биде месец на акционерски собранија на домашните компании кои котираат на Македонската берза. На крајот на тој месец, конкретно на 23, Собрание ќе одржи и тетовскиот комбинат Тетекс, а една од одлуките што ќе се разгледува и која ќе треба да ја аминуваат акционерите, е и онаа за распределба на ланската добивка. 

А, согласно Годишната сметка за 2024 година на Тетекс АД Тетово,  добивката по  одданочување изнесува 1,13 милиони евра. 

Според предлогот кој го дава компанијата за распределба на добивката, нивниот план е износ од 56 илјади евра да се внесе во законските резерви на
Друштвото.

Веста која што е најбитна за акционерите е дали и колкава дивиденда планира да подели комбинатот, а тоа се 351 илјади евра, кои ќе се исплатат во вид на
дивиденда на имателите на акции. 

И, како нераспоредена
добивка ќе останат 719 илјади евра.

Според процентот на акции, Иванка Гоговска која поседува 6,92 отсто од капиталот, би зела како дивиденда нешто над 24 илјади евра, а слични, нешто помали суми би инкасирале и Лоди Гоговска, која поседува 6,89 отсто и Бобан Гоговски, кој располага со 6,67 отсто од акциите.

А, одредена сума ќе добијат и околу 900 мали акционери физички лица, кои се главно поранешни вработени на некогашниот комбинат и кои заедно имаат околу 60 отсто од сопственоста, што значи би добиле заедно сума од околу 210 илјади евра.

Но, акционерите ќе треба да гласаат и за тоа од добивката да бидат исплатени пари и на извршните директори на друштвото, согласно со нивните договори што ги имаат. 

„Се одобрува учество во добивката за 2024 година на Извршните директори на Друштвото, во износ уреден со член 6 од нивните Договори за уредување на
односите меѓу Друштвото и извршните директори и одредбите на Законот за трговски друштва. Одобреното учество во годишната добивка на друштвото се пресметува на делот од годишната добивка што останува по
намалувањето на остварената добивка за износите што се издвојуваат за законски
и за статутарни резерви“, се вели во предлогот за акционерското Собрание.

Според дивидендниот календар кој го предлага компанијата, дивидендата ќе изнесува 351 илјади евра, а висината
на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,795 отсто од номиналната вредност,
односно 55,56 денари бруто по акција. 
Последен
ден на тргување со право на дивиденда е 09.05.2025 година, а п
рв
ден на тргување без  право на
дивиденда е 12.05, додека д
атум на стекнување на право на дивиденда е 13.05 оваа година. Исплатата
на дивидендата ќе биде во законски рок. 
Известувањето
на акционерите кои имаат право на 
дивиденда за исплата на дивиденда ќе се изврши на веб страна на
Тетекс АД Тетово, преку сеи –нет  на
Македоска берза АД Скопје и со писмено известување до секој акционер“, се вели во предлогот за кој ќе гласаат акционерите. 

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45719
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411 возачи на тротинети, велосипеди, мопеди…

22/09/2026

Вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ се сомнева дека некој сака

22/09/2026

Гинекологот Дејан Огненовиќ завршил со скршен вратен пршлен откако бил нападнат во неговата ординација во поликлиниката „Букурешт“ додека прегледувал пациентки.

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy