Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа денешниот 5 мај – Ден на македонскиот јазик
Македонија

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа денешниот 5 мај – Ден на македонскиот јазик

05/05/2023

AA

Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово со пригодна активност го одбележи денешниот 5 мај– Ден на македонскиот јазик. Реферат „5 мај – Ден на македонскиот јазик“, прочита библиотекар Габријела Ристоска.

-Нашиот јазик е еден од десетте најстари јазици во светот, односно старословенскиот со кој има најмногу сличности. Нашата азбука е составена од 31 буква и само ние ја имаме буквата ,,ѕ“, иако постоела во старословенското писмо. Македонскиот јазик поминал низ многу премрежја, патот на формирање на денешниот современ литературен јазик е долг и макотрпен процес. Словенската писменост во Македонија се зајакнува при крајот на 9-ти и почетокот на 10-ти век. Учениците на Кирил и Методиј – Климент и Наум, ја создаваат Охридската книжевна школа, чија дејност главно била преведувачка и препишувачка. Старословенскиот јазик пренесен во словенските земји претрпува промени примајќи елементи од говорот на различни словенски средини. Првата словенска азбука која се користела во Македонија била глаголицата создадена од Кирил. При крајот на 10ти век почнува да се употребува кирилицата, а во 12-ти век сосема ја надминала глаголицата. Кирилицата е создадена од учениците на Кирил, Климент и Наум, а во негова чест е наречена кирилица, посочи Ристоска.

Говорничката се осврна и на поетот Кочо Рацин, интелектуалец и револуционер чие име го носи и тетовската установа.

-Неговите заслуги се наизмерни и поради ова нашата национална установа го носи неговото име – Бибилиотека „Кочо Рацин“. Ние, библиотекарите, имаме благородна мисија да бидеме чувари на пишаниот збор. Горди сме на фактот што нашата библиотека е пионер во најновите библиотекарски трендови и носител на една од водечките улоги на ширење на библиотечната дејност во нашата држава. Македонскиот јазик опстојува и за време на НОБ, со националното ослободително движење, конечно се создадоа услови за установување на нашиот литературен јазик, нагласи Ристоска.

Потоа на со свое учество Денот го одбележаа ученици и наставници од тетовските основни училишта. Рециталз за „Родниот јазик е бисерен ѓердан“ од Видое Подгорец, прочита одделенски наставник Соња Трифуновска, а со читање поезија од македонски автори и лични творби се претставија ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово. Тие заеднички изведоа и рецитал „За македонскиот јазик“ ученици. Библиотеката на учениците и наставниците им додели благодарници за одбележување на настанот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy