
Тетово се простува од отец Мирко Станковски, позитивен, неуморлив свештеник кој крштеваше, венчаваше, исповедаше, поучуваше и укрепуваше бројни генерации!
Директорот во Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски на својот Фејсбук профил објави дека починал отец Мирко Станковски.
„Денес Тетово и тетовско се простуваат од отец Мирко Станковски, посветен, позитивен, неуморлив и кроток свештеник кој крштеваше, венчаваше, исповедаше, поучуваше и укрепуваше бројни генерации верници, живеејќи и споделувајќи и арно и лошо со својот народ, кој во секое време се соочувал со различни предизвици. Почивај во мир отец! Остануваш засекогаш во нашите убави спомени. Длабоко сочувство до семејството и Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА“, напиша Сотировски..