
Тетовчанец си изнајмил возило и не го вратил – му го одзеле во Грција поради криумчарење
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,послужување“.
На 10.07.2024, пријавениот склучил договор за изнајмување на патничко возило и овластување за користење на возилото со правно лице од Гостивар,но не го вратил возилото во договорениот период и заминал во Република Грција.
По извршени проверки било констатирано дека возилото се наоѓа во Грција и дека е одземено од надлежните служби затоа што со него било извршено кривично дело ,,криумчарење’’.