
Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на паркинг!
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.И.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство’’ и „лажно пријавување на кривично дело’’.
На 09.01.2026, пријавениот лажно пријавил дека на паркинг простор пред зграда во Тетово бил физички нападнат од едно машко лице, а од женско лице бил удрен со тврд предмет.
По прeземени мерки било утврдено дека пријавениот започнал расправија со друго лице и физички го нападнал.

