
Тетекс се засили со Чурлинов и Станковски
Чурлинов игра како десен бек, иако може да ја покрие и левата бековска позиција, а во Тетекс доаѓа од Силекс, додека Станковски е напаѓач и се враќа во тетовскиот тим каде што играше во сезоната 2017/18.
Тетекс соопшти дека Чурлинов и Станковски се веќе регистрирани и имаат право на настап на следниот меч против Саса на гостувањето во Македонска Каменица.
По четири одиграни кола во Втората лига, Тетекс се наоѓа на 14. позиција со три освоени бодови.
