Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕСТЕНИНИТЕ КОИ СЕГА СЕ ПРОДАВААТ ЗА 51 ДЕНАР, ЌЕ ЧИНАТ 44 ДЕНАРИ: Бектеши најави одлука за замрзнување на цените на овие производи
Економија

ТЕСТЕНИНИТЕ КОИ СЕГА СЕ ПРОДАВААТ ЗА 51 ДЕНАР, ЌЕ ЧИНАТ 44 ДЕНАРИ: Бектеши најави одлука за замрзнување на цените на овие производи

07/03/2023

AA

До крајот на
неделата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините, а се
прават анализи за можноста за замрзнување на цената на млечните производи. Согласно
анализите на Министерството за економија од информации на производителите,
цената на малсото за јадење во наредните 10 дена ќе биде под 100 денари за
литар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување на
24 Анализа на Телевизија 24.

„Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување
на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на
Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со
здруженијата во рамки на Коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен
инспекторат. Најверојатно до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на
цените на тестенините, односно за макарони и шпагети. Минималното намалување ќе
биде 10% од постоечките цени на овие тестенини, според првичните анализи, но
убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи во предвид дека имаме
цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема
да бидат повеќе од 44 денари, имаме тестенини кои се продаваат од околу 60
денари, тие нема да бидат ппвеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој
дел“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека одредени прехранбени компании веќе
самостојно најавија намалување на цените на нивните производи и ги повика и
другите компании да го следат примерот.

„Имавме денеска најави од страна на одредни производители на
основни производи за намалиување на нивните цени и сакам да ги ограбрам другите
производители сами да донесат одлука за налување на цените без одлука на Влада.
Во случај ако тоа не се прави самостојно, а анализите покажуваат простор за
намалување тогаш ќе донесеме одлука и за други производи, а тука генерално
влегуваат млечни производи“ кажа Бектеши.

Во делот на маслото за јадење како што кажа министерот, во
наредните 10 дена се очекува сите производители да имаат цена под 100 денари за
литар.

„Ако правиме споредба пред да почне поддршката од владата,
кога цената на маслото за јадење бењше 150-160 денари речеси 60-70% ќе има
намалување и потоа ќе продолжиме и со другите производи“ кажа министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy