
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТУРИСТ ВО ЛЕФКАДА: Ја игнорирал забраната за пливање, брановите го здробиле,завршил со тешки повреди на операција
Српски турист на возраст од околу 30 години, завршил тешко повреден завчера на Лефкада. Несреќата при пливање се случила на плажата, за која биле издадени предупредувања да не се влегува во вода поради големи бранови.
Србинот ги игнорирал предупредувањата на спасувачите дека капачите не треба да се приближуваат до разбрануваното море.
Пркосејќи им на брановите, завршил со тешки телесни повреди. Завршил на операција, заради скршеница на бутната коска, пишува српски Курир.
