
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТИНЕЈЏЕР ВО КИЧЕВО Возачот на „туран“ го напуштил местото на несреќата, полицијата го пронајде

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера вечерта на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, во која повреден е 13-годишник.
Според полицијата, мопед управуван од малолетникот се судрил со патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Ф. од Кичево. По ударот, возачот на „туран“ го напуштил местото на настанот.
Полицијата брзо го пронашла А.Ф. и со него е извршен службен разговор. Малолетникот со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен и прегледан во Медицинскиот центар Кичево.
Увидна екипа од ОВР Кичево изврши увид, а по целосно расчистување на настанот ќе следува поднесување соодветна пријава против возачот.
.
