
Тешка повреда на Гави, првите прогнози се песимистички
На мечот на Шпанија против Грузија во Ваљаолид, Гави се задржа на теренот само околу 25 минути, а потоа мораше да замине во соблекувална. При обид да прими една топка, тој се пожали на болки во коленото и со солзи на очите ја напушти играта.
Иако уште нема официјални информации, првите прогнози кои ги објавија шпанските медиуми се песимистички. Гави го повредил десното колено и најверојатно ќе биде надвор од фудбалските терени неколку месеци.