
ТЕНЗИЧНО Е ВО СЕВЕРНО КОСОВО: НАТО испраќа дополнителни сили
НАТО Алијансата не прецизираше колку нови војници ќе бидат распоредени во Косово, ниту од кои држави. НАТО испраќа дополнителни сили во Косово.
Ситуацијата на северот на Косово е крајно тензична од 24 септември, кога група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска и убија еден полицаец. Во нападот загина косовскиот полицаец Африм Буњаку, а загинаа и четворица Срби. Косовската полиција утринава направи претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток.
Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоjчиќ, ја презеде одговорноста за нападот на Косово.
Српските власти велат дека теророт на косовскиот премиер Албин Курти е причина за немирите.
