Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тензична седница на Анкетната комисија – се разгледува документацијата, за Милошоски одговорноста е кај ексминистерот Филипче
Македонија

Тензична седница на Анкетната комисија – се разгледува документацијата, за Милошоски одговорноста е кај ексминистерот Филипче

13/11/2023

AA

Тензично почна седницата на собраниската Анкетна комисија за случувањата на Онкологија, на која пратениците отпочнаа нови 30 дена мандат во кои треба да ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-ина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Полемизираа пратеници од власта и опозицијата, кои имаа различни ставови која е нивната задача во овој дополнителен рок во кој ја разгледуваат документацијата, по излагањето на Антонијо Милошоски, кој рече дека „примарната политичка одговорност” за злоупотреби на Онкологија ја носи поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Милошоски увидел спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање на 17 октомври рекол дека не бил запознат за непостоењето протоколи и стручен конзилиум на Онкологија, а дека поранешниот директор на клиниката, Нино Васев, како што рече, „ги демантирал исказите на Филипче”, зашто во своето сведочење кажал дека праќал извештаи до кабинетот на министерот за здравство.

-Од овие излагања имам констатација – или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже, рече Милошоски.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ рече дека екс министерот не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита, според кој, министерот за здравство врши надзор над работата над здравствените установи.

Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ рече дека работата на Анкетната комисија се политизира и Милошоски донел, како што рече, „личен заклучок” и дека членовите на комисијата треба да ги разгледаат материјалите што ги собрале и заедно да утврдат заклучоци што ќе ги достават до Собранието.

Ние треба да разгледуваме документи, а не од парафразирани изјави да се носат заклучоци и врз основа на тоа и обвинение. Ние не сме суд, не сме обвинителство, рече Коциќ.

Според Арбен Зибери, бесмислено е да се анализира кој што кажал на сослушувањето и за тоа да може да се направи на комисијата ќе и треба една година, а на ваков начин „се влегува во политичка дебата”, а тие, рече тој, немаат мандат за тоа.

-На ваков начин ќе се деградира работата на комисијата и целта за која е формирана. Слушнавме сведоци и треба да излеземе со заклучоци, а не да дебатираме што кажале и дали ја кажале или не ја кажале вистината, рече Зибери.

По полемиката каква обврска има комисијата, откако ги собра материјалите од сослушувањето, пратениците членови на Анкетната комисија отидоа на пауза за да се координираат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy