
Тенисерот Ивановски забива подобро од половина од кошаркарите од Првата лига (ВИДЕО)
Тој денеска на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како со леснотија ја забива топката, без разлика што е висок нешто повеќе од 190 сантиметри, како доказ за големата скочност, која и тоа како му помага во тенисот. Забелешките на тие што го погледнаа видеото е дека неговиот одраз и леснотива за атрактивно поентирање е подобар најмалку од половина од играчите кои во моментов играат во кошаркарската елита.
Ивановски во моменов е на 308. позиција на АТП-листата, каде што со големи чекори граби кон симнување на Предраг Русевски од позицијата најдобро рангиран македонски тенисер во историјата. Тој во февруари 2008 година беше 242-ри светски тенисер, што е врв кој Калин и тоа како може да го достигне, а за што му треба само серија од неколку добри настапи на турнирите од челинџер-серијата.
