
Тен Хаг за средбата со Фергусон: Веднаш ви станува јасно дека Јунајтед е негов клуб!
Во пресрет на двата важни натпревари оваа недела, реваншот против Барса во Лига Европа и финалето против Њукасл во Лига Купот, Ерик тен Хаг синоќа беше уловен на вечера со Сер Алекс Фергусон.
„Секогаш уживам да разговарам со луѓе кои имаат многу знаење и искуство. Тој сака да го сподели, да помогне, да даде поддршка. Веднаш ви станува јасно дека Манчестер јунајтед е негов клуб“, рече Ерик Тен Хан на денешната средба со новинарите.
„Многу е посветен и сака да види како клубот бележи успеси. Имав одлична вечер, со нетрпение ја чекам следната средба“.