Тен Хаг удри по арбитрите: Постојано има одлуки кои се против нас!
Судијата му покажа црвен картон на Касемиро, а тоа не му се допадна на тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг.
„Касемиро ја премина линијата, сите го видовме тоа. Но не сум среќен поради судењето кое е постојано против нас. Џордан Ају требаше да биде исклучен затоа што го фати Фред за врат, но тоа не се случи“, кажа Тен Хаг.