
„Тен Хаг е идиот“
Пирс Морган е познат по тоа што е голем фан на Арсенал, но е и пријател со Кристијано Роналдо на кого му направи мега интервју пред Португалецот да замине од Манчестер јунајтед.
Морган важи за новинар кој знае да биде директен и го кажува она што го мисли, особено кога има некој на пик како што е во случајот Ерик тен Хаг.
„Некои луѓе мислат дека Роналдо не може да го сфатат сериозно бидејќи игра во Саудиска Арабија, но тоа се глупости. Нема подобар стрелец од Роналдо во светот во овој момент. Вчера погоди две стативи и постигна гол. Тен Хаг е комплетен идиот. Жал ми е што зборувам така, но тоа е вистината. Тој зборува глупости, ни кажува дека не е Хари Потер. Тен Хаг е се она што Роналдо ми кажа во интервјуто. Тој е како некој нов учител во основно школо кој не знае како да се однесува кон учениците кои се паметни“, изјави Морган.
