
Тен Хаг ќе го врати Санчо во Дортмунд
Англиските медиуми пишуваат дека Ерик Тен Хаг го известил Санчо дека нема да смета на неговите услуги во следната сезона, а агентот на младиот фудбалер веќе ги контактирал главните луѓе на бундеслигашот.
„Ѓаволите“ за Санчо платија 85 милиони евра, а тој за премиерлигашот постигна само 11 голови и пет асистенции на 72 настапи.
Засега не е познато за колку пари ќе биде продаде Санчо, но цената дефинитивно ќе биде многу пониска од таа во 2021 година.
