
Телото на Вања и пензионерот биле закопани во земја
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на прес конференција откри нов момент од убиствата.
И двете тела биле закопани во земја.
„Едното тело закопани во околината на Скопје, второто тело во околината на Велес“, рече Спасовски.
Тој потенцираше дека целосно случајот е расчистен, но не онака како што сите очекувале, односно да се најдат живи и здрави Вања и пензионерот од Велес.