Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕЛМА ОТКРИВА: Ова се можните три мотиви за убиството во Штип!
Македонија

ТЕЛМА ОТКРИВА: Ова се можните три мотиви за убиството во Штип!

09/05/2025

AA

Во каде бар во Штип синоќа се случи убиство кадешто 25-годишен поранешен студент од Турција беше застрелан од 4 години помлад злосторник со кого претходно разговарале во кафулето. Осомничениот заминал во тоалет, а кога се вратил почнал да пука во жртвата и го погодил со повеќе куршуми.

Ранетиот 25-годишен починал во болница, а убиецот веќе имал организирано бегство во кое му помогнале уште 4-ца сонародници. Тој фатил такси, а четворицата со БМВ се движеле пред него како чистачи и тргнале кон Скопје.

Штипската полиција веднаш преку локалните медиуми и нивните социјални мрежи ги пушти видеата од оружениот напад и фотографија од напаѓачот. Со такав визуелна помош, на повеќе локации биле поставени полициски блокади, а една од нив била на патарината Миладиновци пред Скопје.

Полицијата веќе била информирана дека автомобилот БМВ е возило за бегство и го опколила возилото на патарината. Убиецот пак останал зад нив и почнал да бега низ полето. Потерата продолжила пеш по него, како што покажуваат снимките објавени од ТВ Стар. Биле активирани и полициски дронови.

Тројца од помагачите во бегството биле уапсени, но возачот на БМВ-то успеал да избега со автомобилот низ патарината. Но, потоа со колата излетал од патот и полицијата го фатила.

На триста метри од патарината бил фатен и 21-годишниот турски државјанин.

-Во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, полицијата го најде пиштолот, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, соопшти обвинителството. Но, за мотивите засега нема официјални податоци.

Ладнокрвниот убиец стигнал во Македонија ден пред злосторството. Границата ја минал легално и ова му бил трет престој во државата.

Убиениот пак бил пријавен како студент, но според информации од полицијата наместо испити наредил неколку пријави за поседување наркотици. Мотивите за злосторството се движат од расправа за девојка и долг до нарачано убиство. Истрагата ќе проверува дали има и други турски државјани кои се вклучени во штипското убиство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy