📽️ ТЕЛМА ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ Маж во качулка се обидува да влезе во куќа кај Коински мост
Телевизија Телма објави дека дошла до снимки од лицето кое е осомничено за убиства во Старо Нагоричане. На двеминутното видео од надзорна камера маж во качулка се обидува да отвори влезна врата на куќа.Според ТВ Телма во куќата кај Коински мост сама живеела повозрасна жена.Полицијата истражува убиства на пет жени кои биле пронајдени во нивните домови.Случајот за можен сериски убиец се откри по приведувањето на 25-годишникот осомничен за убиство на последната жртва за која обвинителството извести дека утврдило дека не починала од природна, туку од насилна смрт.
.