
Телма дознава: Косовскиот суд го ослободи Алил Демири, доживотниот осуденик за масакрот и 5-те убиени кај Смилковско Езеро
Телма дознава дека судот во Приштина го ослободил Алил Демири. Демири е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 луѓе. Адвокат на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдија дека бил ослободен. Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. Неговиот адвокат од Косово Бесник Бериша […]
