Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕКСТИЛНИОТ СЕКТОР ЈА ГУБИ БИТКАТА СО ИСТОКОТ: Намалени нарачки, еве каде се ориентираат европските компании
Економија

ТЕКСТИЛНИОТ СЕКТОР ЈА ГУБИ БИТКАТА СО ИСТОКОТ: Намалени нарачки, еве каде се ориентираат европските компании

10/09/2023

AA

Намалени нарачките од странските партнери во текстилниот сектор. Засега никој не знае зошто ова се случува. Но, Ангел Димитров од Организација на работодавци вели дека крајот на септември ќе биде одлучувачки за многу домашни конфекции. Странските партнери ја напуштаат земјава и наместо кај нас, нарачките наменети за европскиот пазар завршуваат во земјите од далечниот Исток. 

По пандемијата, односно лани македонските компании имаа голем притисок од нарачки од странските компании, кои сакаат да произведуваат на европскиот континент. Димитров се сомнева дека актуелната состојба со намалените нарачки се должи на тоа што лани македонските конфекции поради немање на доволен број на текстилни работници не можеа да ги задоволат потребите на странските партнери.

– И Бугарија и Македонија и Србија се судрија со проблем да најдат работна сила бидејќи младите не сакат да работат во овој сектор и сите тие ги одбиваа ваквите понуди од европските брендови. Најверојатно, моја претпоставка е дека заради тоа големите европски брендови отидоа на далечниот Исток. Партнерот за кој ние работевме целат роба која ние не можевме да ја преземеме ја однесе во Бангладеш и ја работи таму, каде што имаат сè уште млада работна сила, која може да се вклучи во процесот – вели Димитров.

Тој истакнува дека едно од решенијата е олеснување на постапката како и зголемување на квотата за дозвола на работа на странци. Токму недостатокот од работници остава сериозни последици, а како што вели Димитров податоците говорат особено алармантно е во металопреработувачката индустрија, градежништво, земјоделието и текстилството. Прашан кое е решението и за најавата на вицепремиерот Битиќи дека ќе се зголеми квотата за странски работници, Димитров вели дека тоа е неминовно решение за нашето стопанство и економија.

– Квотата е неминовно да се зголеми. Секој доброразумен човек во Македонија, а сигурно и Битиќи тоа го видел, нашата квота сигурно до средината на јуни е исполнета, а тоа значи дека ние за половина година ја исполнуваме квотата. Во текстилот има мал број на работници. Во градежништвото, сега ќе видите она што се случува со „Бехтел и Енка“ во Македонија нема градежни работници. Џабе бараме да се вклучат наши компании кога тие немаат работници – вели Димитров.

Вицепремиерот, Битиќи најави дека од септември се планираат законски измени за зголемување на квотата на работни дозволи за странци. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy