Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕКСТИЛ НЕ ПРАВИ, АМА УШТЕ ПРОДАВА, А ПРАВИ УШТЕ ПОДОБРИ ДОБИВКИ – како тетовскиот комбинат оствари чист профит од 400 илјади евра
Економија

ТЕКСТИЛ НЕ ПРАВИ, АМА УШТЕ ПРОДАВА, А ПРАВИ УШТЕ ПОДОБРИ ДОБИВКИ – како тетовскиот комбинат оствари чист профит од 400 илјади евра

10/11/2023

AA

Можеби се откажа од основната дејност, ама уште работи
турбо. Дури и подобро од претходно кога се занимаваше со производство на
текстил.

Во моментов сеуште низ продавниците на „Тетекс“ се
продаваат добропознатите квалитетни парчиња облека на овој комбинат, веројатно остатоци од некогашниот богат асортиман, а според купувачите, и по
многу атрактуивни цени.

Дали тие се готовите производи кои му носат солидни
приходи на комбинатот, не може да се извлече заклучок од не премногу богатите
образложенија кои ги дава ова акционерско друштво во прилог на своите финансики
извештаи кои ги испраќа до Берзата.

А, она што е факт е дека одлични приходи на комбинатот му
носи ТТК банка, која се смета за негова „златна кокошка“, но и бројните објекти
кои ги поседуваше, а кои сега ги издава и му носат солидни кирии.

Добивка после оданочување од 389 илјади евра е
финансискиот резултат за првите девет месеци на тетовската компанија, што
означува пораст од 34 пртоценти во однос на истиот период лани. 

Треба само да
се има предвид дека овој финансики резултат се однесува на консолидираниот
Биланс на успех на претпријатието, а како што објавиле и од самото друштво, „во консолидираниот
биланс на успех на групација Тетекс АД Тетово за анализираниот период е
вклучена и ТТК банка, по методот на основна главница, со учество на Тетекс во нејзиниот
капитал од 44 отсто, како и поврзаното друштво Петролгас ДООЕЛ Тетово, кое,
како што веќе пишуваше Фактор, е избришано од регистарот на правни лица по пат
на ликвидација кон крајот на септември оваа година“.

Инаку, во првите
девет месеци од годинава компанијата остварила многу солидни оперативни
приходи на сума од 2,67 милиони евра, што е раст за 222 проценти во однос на
истиот период лани.

Притоа приходите од
продажбата се 1,86 милиони евра, и кај нив растот е исто така огромен, и
изнесува цели 205 проценти. Приходите од
продажбата на домашниот пазар се 1,33 милиони евра, и тука има сосема солиден
раст од 126 проценти во однос на истиопт период лани. 
Но, треба да се
спомене дека „одлична пара“ на „Тетекс“ му донеле и приходите од продажба на
странскиот пазар, и тоа цели 528 илјади евра, и она што е уште поинтересно кај
овие приходи е дека кај нив има зголемување за дури 1.599 проценти во споредба
со истипот период минатата година.

Еве што напишале од
„Тетекс“ во своето образложение.

„Приходите остварени
од продажба на готови производи и услуги се резултат од редовното работење, во
што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови
производи и стоки“, се објаснува кусо во придружниот документ испратен заедно
со финансискиот извештај.

Голем пораст, но не
колку оној на приходната страна, има и кај оперативните расходи на компанијата.
Тие изнесувале близу 2 милиони евра или прецизно 1,97 милиони, што е
зголемување за 106 проценти во однос на истиот период лани.

Еден од најголемите
трошоци, кој има и најголем раст, е набавната вредност на продадените
материјали, резервни делови, ситен инвентар и амбалажа, кои донеле расход од
493 илјади евра, а тоа е фантастичен пораст за 7.551 проценти во однос на
истиот период лани.

Се зголемиле и трошоците
за вработените, за чии плати и надоместоци се исплатени 327 илјади евра, што е
пораст за 34 отсто, и што укажува дека или се зголемени платите, или има нови
вработувања.

Кога станува збор за
финансиските приходи, тие на комбинатот му донеле одлична сума, од нешто повеќе
од еден милион евра, и кај нив има раст од 102 проценти. Тие се должат на
дивиденди.

„За тековниот период,
во финансиските приходи се евидентирани приходите од примени дивиденди“, се
вели во образложението.

Додека, пак, финански
расходи биле на незначителен износ, и тоа е една од причините за значајниот
раст на добивката од работењето на компанијата. Таа е 435 илјади евра и е за 50
отсто повисока од истиот период минатата година.

„Тетекс“ во
образложението известува и дека заклучно
со крајот на септември ги има подмирено сите обврски по кредити.

„Напорите на менаџментот на
ТЕТЕКС АД, во  постоечките услови на
работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на
недвижен и движен имот, како и на залихите на материјали, производи и стоки, за
да се оствари приход и позитивен резултат од работењето, согласно финансискиот
план за 2023 година“, напишале од компанијата до
инвеститосраката јавност.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy