Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕ СЕ УКИНА ВО 2024 ГОДИНА ПОРАДИ ДОГОВОР НА СДСМ И ДУИ Ако СДСМ сака да се изолира не доаѓајќи на средба, власта не може ништо да стори
Македонија

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕ СЕ УКИНА ВО 2024 ГОДИНА ПОРАДИ ДОГОВОР НА СДСМ И ДУИ Ако СДСМ сака да се изолира не доаѓајќи на средба, власта не може ништо да стори

13/01/2026

AA

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер во Владата, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година.

Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДСМ и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.

„Во 2015. контекстот беше друг, во 2024. ДУИ и СДСМ се договорија“

Николоски праив разлика меѓу воведувањето на техничката влада во 2015 година и сегашниот момент. Тој вели дека на минатите избори во 2024 година било иницирано укинувањето на техничката влада, но постоел договор меѓу СДСМ и ДУИ.

– Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДСМ и ДУИ, ДУИ да добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија – рече Николоски.

Зборувајќи за воведувањето на техничката влада тој вели:

– Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата – вели Николоски.

„Спремни сме да дискутираме за сите теми“

Николоски истакна дека на средбата нема да има фиксен дневен ред,  со цел да се остави простор секој од учесниците да покрене точки за кои што смета дека се значајни.

– Ние сме спремни да дискутираме за секоја точка. Секако ќе имаме позиции и ставови по однос на секоја точка, но ниедна тема не ја отфрламе и сите теми којшто релевантните политички партии, кои што имаат свои пратенички групи, значи освоиле сериозен број на гласови, сметаат дека треба да се отворат сме спремни да ги разговараме. Дали ќе се договориме е комплетно друго прашање – кажа Николоски.

„Добро е што ДУИ ќе учествува, СДСМ има можност да се премисли“

Вицепремиерот го коментираше и ставот на ДУИ да учествува на лидерската средба.

– Мислам дека е добро што ќе присуствува ДУИ, и ова е тоа што ние сакаме да го постигнеме. Да седнат најрелевантните политички партии и да разговараат. СДСМ останува изолирана, деструктивна, имаат сè уште време да го променат ставот до утре до 14:00 часот, се надевам дека ќе го променат.

„СДСМ станува Левица, Левица станува СДСМ“

Николоски вели дека ако СДСМ сама сака да се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да стори.

– Тука има еден чуден момент во јавноста, а тоа е дека СДСМ станува Левица, а Левица станува СДСМ во смисла на тоа дека она што беше симбол на деструкција сега пополека го презема СДСМ. Видете, каков вординг користат, какви соопштенија лошо преведени од српски и после јасните барања по изборите за промена и мислам дека ќе стане јасно од каде доаѓа целата оваа деструкција – истакна Николоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy