
Тажна вест: Почина Тоше Поп Симонов, еден од највпечатливите автори и продуценти на македонската музичка сцена!
Со голема тага и почит, денеска се простуваме од еден од највлијателните автори и продуценти на македонската музичка сцена – Тоше Поп Симонов. Неговото срце, кое со својата музика допираше до милиони луѓе, денес престана да чука. Сепак, неговата музика и душевна топлина ќе продолжат да живеат во нас засекогаш.
Со децениска кариера што го спои со имиња како Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица, Поп Симонов зад себе остави безвременски песни, спомени и пријателства кои не згаснуваат. Беше познат по својот тивок, но длабок печат – како човек и како уметник.
„Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа,“ пишуваат неговите блиски. „Но Тоше ќе живее преку музиката и љубовта што ни ја остави.“
Погребот ќе се одржи во вторник (22 април 2025), на градските гробишта во Бутел. Сите кои сакаат да се простат од него, тоа можат да го направат во капелата во Бутел од 11:30 часот.