Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром
Економија

ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

17/12/2024

AA

По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер.

Денес, 17-ти декември, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер одржаа состанок на Меѓународниот Аеродром Скопје, по што официјално го објавија почетокот на продажбата на авиобилетите за трите нови авиолинии што ќе бидат достапни од Меѓународниот Аеродром Скопје, до Барселона, Лион и Штутгарт од следната летна сезона.

Патниците на скопскиот аеродром, од 2025 година можат лесно да стигнат и да ја истражуваат Барселона, раздвижениот град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура; Лион, познат по својата кулинарска извонредност и историска значајност и задолжителна дестинација за љубителите на храна и љубителите на културата; и Штутгарт, познат по автомобилската индустрија и прекрасните паркови, кој нуди спој на современост и традиција; додека гостите од овие европски градови можат да ја истражуваат природата, историјата и кулинарството на Скопје и Северна Македонија.

„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новите авиолинии од/до Барселона и Лион ќе бидат оперативни почнувајќи од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени во претстојното лето. Директните летови до/од Штутгарт почнуваат да сообраќаат од септември 2025 година.

„Овие нови авиолинии од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да нудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија. „Возбудени сме што можеме да ја диверзифицираме нашата мрежа и да го поврземе Скопје со популарните дестинации како што се Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови конекции ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на туристите од Западна Европа да ги откријат скриените убавини на Северна Македонија.“

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска, летовите ќе започнат на 3-ти мај 2025 година (Барселона) и ќе сообраќаат секој вторник и сабота, на 1-ви мај 2025 година (Лион), со летови закажани за вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември 2025 година, со летови три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy