Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Аеродроми и Визер најавуваат: Од 3-ти мај од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и за прв пат до Лион
Македонија

ТАВ Аеродроми и Визер најавуваат: Од 3-ти мај од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и за прв пат до Лион

28/04/2025

AA

Од 3-ти мај од Меѓународниот Аеродром Скопје авиокомпанијата Визер ја враќа редовната авиолинија до Барселона, а истовремено ќе воведе и директна авиолинија до Лион во Франција, најавија денеска ТАВ Македонија и Визер, на заедничка прес-конференција.

Летови до Барселона од Меѓунарониот Аеродром Скопје ќе има два пати неделно, секој вторник и сабота, а до Лион, секој вторник, четврток и сабота.

Тој изрази задоволство што Скопје повторно се поврзува со Барселона, а со тоа се исполнува едно повеќегодишно барања на патниците.  

Летовите Скопје – Барселона ќе се одвиваат два пати неделно, секој вторник и сабота. 

На прес конференцијата, која се одржа денеска, 28-ми април 2025 во бизнис- салонот на Меѓународниот Аеродром Скопје, освен генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, се обрати и раководителот за комуникации на Визер, Андраш Радо.

За поврзувањето на Скопје – Лион, Курт смета дека оваа нова директна авионска линија не е само нова дестинација туку уште една нова врата кон Франција, кон една богата историја, култура, гастрономија и економска соработка. Со Лион, сега сме поблиску од било кога досега.

За љубителите на гастрономијата – Лион е несомнено еден од најголемите гастрономски центри во светот и важи за срцето на француската кујна. Домот на прочуениот готвач Пол Бокуз, град полн со „бушони“ – традиционални лионски ресторани, каде што се служат локални специјалитети.

За туристите – Лион нуди уметност, музика, културни настани, како и прочуениот фестивал на светлината, кој секоја година, во декември го претвора градот во магично светлосно искуство што привлекува милиони посетители.

Летовите Скопје – Лион ќе се реализираат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота. 

Покрај ова, менаџерскиот тим на ТАВ Македонија е во постојани преговори со многу авиокомпании и фокусот е во отворање на нови leisure односно туристички дестинации, со цел земјава да се поврзе со што повеќе туристички места и да ја збогатиме понудата на дестинации.

Во моментов, таргетирани се дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларнака во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.

Анталија, Бодрум, Хургада, Тунис, Рим, Венеција, Сплит, Барселона и Париз остануваат топ-туристички дестинации кои се реализираат во летната сезона.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026

Ситуацијата во виничкото село Блатец денеска ескалираше кога дојде до остар вербален конфликт и тензии на работ на физички инцидент

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy