Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таткото на загинатиот музичар Филип Стевановски напиша монографија од 500 страници: „Сакам да остане присутен како инспирација и звук што не исчезнува“
Македонија

Таткото на загинатиот музичар Филип Стевановски напиша монографија од 500 страници: „Сакам да остане присутен како инспирација и звук што не исчезнува“

02/10/2025

AA

Професорот Маријан Стевановски, татко на извонредниот музичар Филип Стевановски кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ја преточи својата тага и гордост во монументална монографија од 500 страници, посветена на краткиот, но исклучително плоден живот на неговиот син. Промоцијата на делото е закажана за 14 октомври, како централен настан на првата вечер од Џез фестивалот во Куманово.

„Оваа монографија не ја пишував само како сведоштво за неговиот живот, туку и како обид да го претставам… преку спомени, преку музиката што ја создаваше, преку луѓето што ги допре. Тоа е мост помеѓу времето што го живеевме заедно и времето што доаѓа, во кое сакам Филип да остане присутен како инспирација и како звук што не исчезнува“, вели професорот Стевановски.

Првата вечер од Џез фестивалот, кој ќе се одржи на 14 и 15 октомври во Занаетчискиот дом во Куманово, ќе биде целосно посветена на Филип. Покрај промоцијата на монографијата, ќе биде прикажан и документарен филм за него, а ќе бидат изведени и негови авторски композиции.

Неуморен творец и прв магистер по џез студии

Филип Стевановски зад себе остави богато музичко наследство. Тој беше првиот дипломиран џез тромбонист и првиот магистер по џез студии во историјата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Јавноста го знаеше како пијанист на популарната група ДНК, тромбонист во светскиот џез-состав на Владимир Четкар, но и како лидер на сопствениот бенд во кој пееше неговата сопруга Ирена.

Неговиот талент беше огромен – компонираше музика за филм, освои Гран-при на „Еврофест“, беше шеф на оркестарот на „Макфест“, а како пијанист ја придружуваше и култната српска група „Ван Гог“ на нивната турнеја низ Македонија. Има издадено 7 џез-албуми и е автор на учебникот „Основни методи за свирење тромбон“. Покрај сето ова, тој беше и директор на Центарот за култура во Штип и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.

„Морав да соберам сила да пишувам затоа што Филип го заслужуваше тоа. Да биде незаборавен. Кога свиреше, се добиваше впечаток дека светот застануваше“, вели неговиот татко, кој и самиот е универзитетски професор, научник, музичар и планинар кој своите последни тури ги посвети на жртвите од кочанската трагедија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy