Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против членка на судски совет: Се товари дека незаконски наплаќала патни трошоци откако ќерка ѝ купила стан во Скопје
Македонија

Кривична пријава против членка на судски совет: Се товари дека незаконски наплаќала патни трошоци откако ќерка ѝ купила стан во Скопје

02/10/2025

AA

Единицата за корупција при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 57-годишната Л.Г. од Струмица, актуелна членка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, поради основано сомневање за сторено кривично дело „измама во службата“. Според наводите на полицијата, таа сокрила дека нејзината ќерка купила стан во Скопје со цел да продолжи незаконски да наплаќа патни трошоци за релацијата Струмица-Скопје, со што го оштетила буџетот за 291.040 денари.

Според кривичната пријава, Л.Г., која во 2018 година била избрана за член на Судскиот совет како судијка од штипското апелационо подрачје, имала право на надомест за патни трошоци бидејќи, според изјавата заверена на нотар, таа и нејзиното потесно семејство не поседувале имот во Скопје.

Проблемот настанал во август 2022 година, кога нејзината ќерка се стекнала со стан во Скопје, со што пријавената го изгубила правото на надомест. Сепак, таа не ја пријавила оваа промена кај претседателот на Судскиот совет и продолжила да наплаќа патни трошоци.

Во периодот од септември 2022 до декември 2023 година, на Л.Г. во 15 наврати ѝ биле исплатени вкупно 291.040 денари за патни трошоци на кои повеќе немала право. Таа го известила Судскиот совет за промената дури на 15 јануари 2024 година, по што исплатите престанале.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство во Скопје на 15 септември, а случајот сега е во рацете на обвинителите за понатамошна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила

17/09/2026
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е

17/09/2026
Македонија

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ

17/09/2026
Македонија

ЗДРУЖЕНИЕТО ОМО – ИЛИНДЕН ПИРИН EКСПРЕСНО Ѝ ОДГОВОРИ НА ЈОТОВА

17/09/2026
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45652
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила гаранции дека нема да има

17/09/2026

Уставните измени да се донесат веднаш, но нивното дејство да се одложи до крајот на преговорите со Европската Унија. Ова

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е децениско, ќе се зголемува трошењето

17/09/2026

Кога нешто ќе се вети, мора и да се испорача, порача премиерот Христијан Мицкоски во разговор во Атлантскиот совет во

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОГАТА „Кога резултатите изостануваат, следува

17/09/2026

По единаесет недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy