
Таткото на Ѓоковиќ ги нападна критичарите: Вие сте глупави, неуспешни и љубоморни!
Без разлика на тоа што има најмногу титули на гренслем-турнирите, критичарите често велат дека Србинот не е најдобар тенисер во светот, а тоа го налути неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.
„Нека продолжат да го напаѓаат. Гледам дека сакаат да му наштетат. Но тие се неуспешни, глупави и љубоморни. За разлика од нив, Новак е успешен и најдобар во свет“, кажа Срѓан.