
татјана Бојковска нов член на УО на Сава пензиско друштво
Татјана Бојковска е избрана за нов член
на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување.
Таа е дел од друштвото од октомври 2012 година, најпрвин како Управувач со ризици на пензиски фондови. Низ годините таа напредуваше на позициите Раководител на Секторот за управување со ризици и Раководител на Сектор инвестиции.
Управниот одбор на Сава пензиско друштво сега има вкупно три члена, каде покрај Бојкоцска, членуваат и Марија Ѓорѓиевска, и д-р Петар Талески, кој воедно е и Претседател на управниот одбор.
Сава пензиско друштво АД Скопје управува со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, кои се дел од капитално финансираното пензиско осигурување во Р.С. Македонија.