Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тасевски: Во никој случај не одат во прилог обидите на случувањата во М-НАВ, да не е делиме, да сфатиме дека имаме професионалци и Македонци и Албанци
Македонија

Тасевски: Во никој случај не одат во прилог обидите на случувањата во М-НАВ, да не е делиме, да сфатиме дека имаме професионалци и Македонци и Албанци

07/01/2024

AA

Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на М-НАВ, кој беше многу актуелен деновиве по случувањата во тоа акционерско друштво, се огласи преку Фејсбук, и порача дека на овој голем христијански празник, во никој случај не одат во прилог обидите на случувањата во М-НАВ да им се даде етничка димензија, и да не е делиме на Македонци и Албанци, туку да сфатиме дека имаме професионалци и Македонци и Албанци.

„Здравје, мир, љубов, сплотеност…

Најчестите зборови што ги користиме на овој голем празник кога си честитаме еден на друг.

Во нашата борба за професионалност која што ја водиме подолго време, би ве замолил сите да се придржиме кон истите. Здравје за сите инволвирани, мир и разум при нашите реакции, љубов за сите искрени поддршки, и сплотеност за нас, и тие што се борат за истите причини.
Валканите игри, иако очекувани, ја отежнуваат нашата борба, но истотака и непомислените коментарии и реакции кои иако во мал број, не ни одат во прилог. Ни мене, ни на ССКЛ како наше семејство. Би ве замолил, со мир, љубов и сплотеност, да не се расплиниме по етничка линија, нешто што некој друг се обидува да го направи, да не им помогнеме во намерата. Се бориме за професионалност, не за македонци или албанци, не за поединци, не за партии!Професионалци имаме, македонци и албанци. Некои невкусни коментари индиректно фрлаат дамка и врз нивната искрена работа и труд и нивната поддршка.

Нека на овој голем празник, овие зборови допрат до вас, и со ладни глави, љубов во срцето, дозволете да бидеме сплотени, како што сме почнале.

Ние успеавме да ја надминеме поделбата, затоа и успеваме. Тоа е тајната и за просперитетна држава во каква сите посакуваме да живееме.
Честит Божиќ, Христос се роди!“, вели Тасевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy